Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски најави изградба на спомен обележје за бранителите од конфликтот во 2001 година и припадниците на МВР кои загинаа во вооружениот напад во населбата Диво Насеље во 2015 година во Куманово.
„Очекувам на некоја од следните седници на Советот на Општина Куманово едногласно од сите политички партии да се прифати иницијативата на Здружението на ветераните "ЗАПВАРС" од Куманово за изградба на спомен обележје на сите кумановски бранители од 2001 година, вклучувајќи ги и припадниците на МВР од кумановските настани од 2015 година. Тие не задолжија, тоа е наша обврска која до ден денеска не е исполнета“, истакна Димитриевски.
Ова не е првпат да се ветува дека припадниците на армијата и полицијата, кои беа убиени во војната во 2001 година и терористичкиот напад во Диво насеље ќе добијат споменици, но тоа досега остана само како идеја.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk