Димитриевски: Ништо не е поважно од слободата и можноста да се живее без ограничувања

11.10.2020 20:10 | KumanovoNews

 Како што нашите предци пред 79 години од востаничко Куманово ја започнале битката за слобода од фашизмот, така ние денеска треба да се избориме со невидливиот непријател, кој предизвика здравствената криза и секој ден зема се поголем замав, рече градоначалникот Максим Димитриевски, во своето обраќање на Спомен-костурницата во Куманово, на свеченост по повод 11 Октомври.

Димитриевски: Ништо не е поважно од слободата и можноста да се живее без ограничувања

- Нема ништо поважно од слободата, од можноста да се живее живот каков што посакуваш, без никакви ограничувања. Денеска ја славиме таа промена, тој крик за подобро утре. Ако таа борба е пример за истрајност и издржаност, денеска потврдуваме дека носи подобри денови. Секоја битка е ново искуство, дали станува збор за борба против невидлив непријател како што е ковид, дали станува збор за борба со криминал или борба за слобода. Ние од пред 79 години извлековме поука дека борбата за слобода е приоритет на овој народ. Таа слобода никогаш не доаѓала на лесен начин, секогаш биле потребни одлучни битки, - кажа Димитриевски.

Градоначалникот додаде дека наша должност е да оддаваме почит на храбрите борци, со тоа што ќе ја градиме државата и ќе истраеме во сите предизвици што ни го носи секојдневието, само со сплотеност и единство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk