Димитриевски се жали дека МВР го следи и му врши тортура

19.10.2021 12:00 | Сузана Николиќ

Независниот кандидат за градоначалник и актуелен градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, обвини дека денеска бил следен од возило на МВР, по што без причина бил запрен и испратен на технички преглед на возилото. Тој се жали и на непрофесионален однос од полициските службеници.

Димитриевски се жали дека МВР го следи и му врши тортура

Инцидентот се случил предпладнето на ул. „Лесковачка“, во населбата „Гоце Делчев“, додека градоначалникот со автомобил тргнал на лекар. Целиот настан Димитриевски го снимал со мобилен телефон, а видеото го сподели на социјалните мрежи. Тој обвини дека му се врши тортура во предизборен период и тоа од министерот и високи функционери на МВР.

„Еве сега во моментов како да сум најголем криминалец во државата, а не градоначалник на најголемата општина. Со ротации ми ги одземаа документите и не спроведуваат на наводно вршење на технички преглед на возилото, иако возилото е ново, со уредно полномошно за управување, согласно сите законски нормативи и прописи. Сепак, на овој начин јас лично се онеспособувам да ја работам мојата работа како градоначалник и кандидат во рамки на изборната кампања. Односот на полициските службеници е целосно непрофесионален, може да видите дека на возилото се запалени ротации и не насочуваат, каде ќе не носат не знам“, вели Максим Димитриевски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk