Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски вечерва прогласи победа и неговите приврзаници излегоа да прослават на Градскиот плоштад во Куманово. Димитриевски вели дека граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ има убедлива победа во Советот, а дека води и пред противкандидатот од СДСМ, Оливер Илиевски.
„Ние ја добивме најголемата поддршка од граѓаните на Куманово без разлика на нивната партиска припадност. Нашиот концепт е од граѓаните за граѓани. Нашата цел е да ја добиеме поддршката, да бидеме легитимни претставници на сите граѓани на нашиот град. Секоја политичка поддршка е добредојдена, а оттука па натаму граѓаните се тие кои одлучуваат“, изјави Димитриевски.
Тој очекува дека граѓанскиот концепт „За наше Куманово“ ќе победи убедливо во вториот круг.
„Ќе ставиме крај на многу лоши навики во нашиот град и нашето општество. Македонија има право и мора да се
менува. Куманово го следи трендот и секогаш бил предвесник на големи промени.“, кажа Димитриевски.
Тој вели дека победиле и покрај тоа што биле соочени со големи притисоци.
Од изборниот штаб на СДСМ велат дека Илиевски му води на Димитриевски со 200 до 300 гласови, но дека се уште не се пребројани сите гласови и не можат да ја кажат конечната бројка. Сличен е резултатот и во однос на советничката листа.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk