Димитриевски се сретна со противкандидатите, ќе реализира дел од нивните проекти

08.11.2021 20:30 | Сузана Николиќ

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, денеска оствари средба со сите кандидати за градоначалници за Куманово, Оливер Илиевски од СДСМ, Тони Михајловски од ВМРО-ДПМНЕ, Теодора Димитровска од ЛДП и ДОМ, и со Беким Салиу од АА/А, при што дискутирале за подобрувањето на условите за работа во општината, но и за подобрување на квалитетот на живот на кумановци.

Димитриевски се сретна со противкандидатите, ќе реализира дел од нивните проекти

„Оваа средба ја реализиравме со цел суштинските проекти од програмите на сите кандидати да ги инкорпорираме во една заедничка програма и заедно во следните четири години да ги имплементираме. Куманово се одважи и покажа заедништво, ова е патот по кој мора да се движиме. Тоа им го должиме на граѓаните, на себе и на нашите деца. Ветувам работење исклучиво во интерес на сите граѓани, затоа што граѓанскиот интерес е пред сè! Општината и во следните 4 години е отворена за сите граѓани, организации, институции, за сечија идеја и делување за подобрување и унапредување на Куманово. Општината секогаш ќе биде отворена и за моите противкандидати затоа што за интересите на граѓаните мораме да бидеме обединети и сложни. Ви благодарам за денешната средба“, рече Димитриевски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk