Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По објавувањето на информацијата на МВР дека е поднесена кривична пријава за насилство против Максим Димитриевски, пратеникот на СДСМ испрати реакција до медиумите во која вели дека се работи за монтиран случај кој има цел да го дискредитира, а насилниците кои го предизвикале инцидентот да ги амнестира од одговорност.
„Случајот е монтажа која трае 20 дена и има за цел лично да ме дискредитира а воедно насилниците кои не нападнаа на семејната веселба да ги амнестира. Поднесена е претставка до внатрешна контрола при МВР и истрагата е во тек, приватна кривична пријава до ОЈО против насилниците за која обвинителството сеуште не се произнесе. Очекувам многу од професионалците да го расветлат случајот, но не и од институциите кои се под партиско полициска контрола. Ветувам дека ќе го демонтирам овој криминогено партиски апарат на режимот и нема да дозволиме никогаш повеќе оваа да му се повтори на друг граѓанин„- стои во реакцијата на Димитриевски.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk