Димитриевски со честитка за Велигден

24.04.2022 12:00 | Сузана Николиќ

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, упати честитка до сите православни верници по повод големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден.

Димитриевски со честитка за Велигден

„На денешниот светол и празничен ден од мое лично име и од името на Општина Куманово на сите православни христијани им го честитам празникот на Христовото воскресение Велигден. Празнувањето на овој голем христијански празник е основа на нашата вера, која не учи на човечност, сплотеност, искреност и меѓусебно почитување. Посакувам да не води позитивна мисла и добра намера, искрено да си подадеме рака за помош, душата да ни биде исполнета со љубов и да создадеме неизмерна среќа за нас и нашите најблиски. Вистински да се радуваме и да празнуваме, со спокој и мир во срцата. Нека е среќен и вечен Велигден! Христос воскресна!“, стои во честитката на Димитриевски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk