Димитриевски со владина делегација во дводневна посета на Србија

22.11.2024 08:54 | KumanovoNews

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, е дел од владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицковски која два дена ќе биде во посета на на Србија, по повод меѓународниот саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“.

Димитриевски со владина делегација во дводневна посета на Србија

„Македонската делегација е во состав на Љупчо Димовски заменик-претседател на Владата за политички систем, Иван Стоилковиќ заменик-претседател на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Игор Јанушев генерален секретар на Владата, Зоран Љутков министер за култура и туризам, Цветан Трипуновски министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Горан Минчев министер за јавна администрација и Максим Димитриевски градоначалник на Општина Куманово“, информира прес службата на Владата. 

Мицкоски ќе има средба со претседателот и премиерот на Република Србија Александар Вучиќ и Милош Вучевиќ, а ќе се обрати и на отворањето на саемот.

Вечерта во хотелот Хајат ќе се одржи македонска вечер.

Димитриевски е единствен претставник на локалната власт во делегацијата.

 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk