Димитриевски: Во ниеден момент не загрозив нечие здравје

17.04.2020 18:54 | KumanovoNews

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, денеска се огласи на Фејсбук, по информациите како што вели, дека наводно тој и членовите на општинскиот штаб биле неодговорни кон заедницата.

Димитриевски: Во ниеден момент не загрозив нечие здравје

 - Во ниеден момент не сум дозволил да загрозам нечие здравје со моето однесување. Резултатите од тестовите што по вторпат се прават за целиот Кризен штаб и придружните членови и луѓе ангажирани во ризични подрачја ги чекавме пет дена. Средбата во Куманово со владини претставници не беше остварена на моја покана, туку на барање на Владата. Информацијата дека постојано се прават проверки на здравјето на лицата од општинскиот кризен штаб е јавна и ја знаат сите членови на штабот и институциите на министерството за здравство на локално ниво, -  напиша Димитриевски.

Тој додава дека сите присутни носеле маски, освен во момент кога Оливер Спасовски и тој давале изјави за медиумите, но ја држале препорачана дистанца.

- Со оглед на тоа што првиот тест беше негативен пред две недели, а немавме никакви симптоми, најмалку очекував дека ќе има позитивени тестови од членовите на штабот но очигледно големите контакти со луѓе во обид да се разрешат сите проблеми во градот со вирусот КОВИД-19, придонесоа пет члена од општинскиот штаб да имаат позитивни тестови и сите тие од различни институции. Се поставува прашање ако се следат епидемиолошките алгоритми на комисијата за заразни болести како досега не бевме оценети како ризични бидејќи очигледно сме заразени од лице кое веќе имало вирус, - вели Димитриевски.

Градоначалникот вели дека истрата ќе ја утврди фактичката состојба и евентуалните системски недостатоци, пропусти и одговорност.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk