Димитров: Иако апелирав да не се патува, од земјата за еден ден заминале 1331 граѓани

18.03.2020 10:35 | KumanovoNews

 Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, синоќа повторно се огласи со апел до македонските граѓани да не патуваат надвор од границите.

Димитров: Иако апелирав да не се патува, од земјата за еден ден заминале 1331 граѓани

Тој вели дека можеби овие патувања се нужни, но дека чувствува одговорност да ги предупреди граѓаните за алармантната состојба каде правилата постојано се менуваат на секои два-три часа.

- Синоќа апелирав да се воздржиме од патувања во странство. Од вчера на пладне до рано утрово, бројот на македонски граѓани кои заминале од земјата е 1331. Имаме граѓани по разни аеродроми, со откажани летови, со откажан бординг бидејќи земјата на дестинација одлучила да дозволи влез само за своите државјани. Имаме луѓе со коли во колони во Словенија, во Австрија, во Хрватска... Пуштаме дипломатски ноти со лични податоци на нашите граѓани врз основа на нивните телефонски разговори со кризниот тим во МНР. Некои конзуларни барања успеваат, некои не. Ние имаме контрола само врз своите, македонските граници. Ние апсолутно не можеме да гарантираме дека ќе можете да си дојдете дома тогаш кога сте планирале,- стои во неговата изјава.

Тој исто така додава дека секое патување драстично го зголемува ризикот по здравјето на овој што патува, на неговото семејство и воопшто на сите луѓе.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk