Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кандидатката за градоначалник на Куманово од движењето „Одлучно за промени“, на ЛДП и ДОМ, Теодора Димитровска ги покани граѓаните во недела на 17 октомври да излезат и да се одлучат за промени, да гласаат за бројот 2, за неа и за советничката листа предводена од Валентин Ефтимовски.
„Доста веќе во Куманово владее црно-белиот свет, излезете и бидете одлучни за промени. Доста веќе сите чувствуваме дека нема простор за други сили, друга енергија и друга генерација на политичари“, рече Димитровска.
Таа рече дека во изборната кампања претставиле само половина од нивната програма, но во наредниот период ќе ги презентираат сите проекти.
„Една од нив е изработка на подземен катастар во кој ќе бидат сместени водоводната, канализационата и атмосферска инфраструктура, сите приклучоци во шахтите, електричните кабли. Исто така предвидуваме намалување на паушалите на советниците за 6.000 денари и ги пренасочуваме тие средства за ужинка на деца кои се во основно училиште до 5-то одделение. И за крај, но не помалку важно е поставување на саат кула, која што била во 17-от век во Куманово, како туристичко информативно биро кое од една страна ќе биде сувенирница“, кажа Димитровска.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk