Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Директорот на подружница Шумско стопанство Куманово подигнал пари од претпријатијето кои не ги вратил како и дрва за огрев кои не ги отплатил.
В.С.(63) од липковското село Оризаре во период од октомври 2008 до март 2014 година спротивно на законските прописи без дозвола од генерален директор или управен одбор од благајната на претпријатијето подигнал 372.900 денари кои требало да ги враќа на рати, но вратил само дел од парите. Иако не е член на синдикатот тој во четири наврати земал огревно дрво кое не го платил во целост и извршил набавка на поголема количина дрва без да води евиденција каде се потрошени. Со тоа В.С. го оштетил претпријатијето за 394.022 денари.
Тој ќе одговара за злоупотреба на службена положба и овластување и несовесно работење во службата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk