Директор на училиште давал плата на работник кој се запослил во странство

07.03.2016 13:00 | KumanovoNews

 Директор на основно училиште во селото Лопате уплаќал плата и придонеси на работник што две години не доаѓал на работа.

Директор на училиште давал плата на работник кој се запослил во странство

А.Р.(46) од с. Лопате, наместо да му даде отказ  и да го раскине договорот за вработување поради неоправдано отсуство од работа во 2014 и 2015 година, тој на вработениот му овозможил да замине на привремена работа во странство, а за тоа време му плаќал плата и придонеси.

 Кумановската полиција против А.Р. ќе поднесе пријава под сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk