Директорка на Скопска клиника има корона вирус

09.03.2020 10:59 | KumanovoNews

Директорката на Клиниката за кожни болести е заразена со коронавирус, објави министерот за здравство Венко Филипче.

Директорка на Скопска клиника има корона вирус

Таа пред една недела се вратила од Италија и една недела одела на работа.

„Ова е огромно разочарување морам да кажам за непочитување на мерките за превентива за заштита од коронавирус. Пациентката е наша колешка, која по враќањето од Италија изминатите пет дена одела редовно на работа“, рече Филипче.

Во моментов целата екипа од Институтот за јавно здравје и епидемиолозите се на Клиниката за кожни болести, а министерот најави дека е можно одделот да биде затворен и цеколупниот персонал и пациенти да бидат испратени на домашна самоизоалција.

Лекарката немала контакти со пациентите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk