Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Даниел Стојчевски си поднесе оставка на местото в.д. директор во ЈП „Чистота и Зеленило“.
Тој се враќа на работното место - правник во Општина Куманово, како дел од кабинетот на градоначалникот Максим Димитриевски.
Стојчевски, најверојатно по изборите ќе биде новиот секретар на Општината, откако Десанка Стошевска ќе замине во пензија.
Стојчевски беше назначен за директор во јуни 2018 година.
За нов в.д. директор во ЈП „Чистота и Зеленило“ е назначена Цветанка Ивановска, досегашен технички директор во претпријатието.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk