Дива свиња во Куманово

16.09.2019 11:46 | KumanovoNews

Дива свиња утринава талкала по улиците низ Куманово. Наши читатели ни пишуваат дека свињата ја виделе на ул. „Доне Божинов“, пред продавницата на поранешно „Пеко“.

Дива свиња во Куманово

Од МВР потврдија дека во 3.30 часот по полноќ кај нив било пријавено дека во градот шета дива свиња. Тие ја известиле Ветеринарната станица, од каде излегле на терен и свињата ја уловиле.

„Станува збор за единка, за чие присуство во градот Куманово, во раните утрински часови било алармирано од страна на граѓани, а во чие заловување биле вклучени официјални ветеринари, припадници на Министерството за внатрешни работи и од ветеринарната станица „Тодор Велков”, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

 Тие додаваат дека се исполнети барањата од Законите за здравствена заштита и благосостојбата на животните, а земени се мостри за лабораториско испитување и детектирање на евентуално присуство на вирусот на класична и африканска свинска чума.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk