Групата „Дивље Јагоде“ ќе одржи концерт во Скопје

05.09.2024 11:15 | KumanovoNews

Легендарната група ,,Дивље Јагоде" ќе одржи концерт во Скопје на 27 септември. Во совршено акустичниот амбиент на Македонската филхармонија ќе се пеат безвременските хитови што кај секој од нас будат посебни емоции.

 

Групата „Дивље Јагоде“ ќе одржи концерт во Скопје

Легендарниот хард рок состав е основан во 1978 година, а предводен од легендарниот Зеле Липовача, бендот зад себе има голем број на хитови како: „Једина моја“, „Криво је море“, „Не желиш крај“, „Како си топла и мила“ „ Заувек твој“, „Марија“ „Мотори“ итн.

„Концертот ќе се одржи на 27 септември, а реприза на втор концерт  ќе нема. Искористете ја единствената можност да се вратите во времето кога со музика се негуваа вистинските вредности. Влезниците се веќе во продажба преку мрежата на МкТикетс или посетете го следниот линк: https://mktickets.mk/event/koncert-na-divlje-jagode-vo-skopje/“, велат организаторите.

Обезбедете го вашето место на време и бидете дел од овој неверојатен настан!

(ПР текст)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk