Дизелот ќе поевтини за денар, Еуроосупер БС-98 за половина денар

10.12.2024 19:34 | KumanovoNews

Цената на дизел горивото се намалува за еден денар, Еуросупер бензинот од 98 октани за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. 

 

Дизелот ќе поевтини за денар, Еуроосупер БС-98 за половина денар

Зголемување на цената на мазутот е од 0,517 денари за килограм, додека цената на Екстра лесното масло за горење и бензинот од 95 октани ќе остане без промени.

Малопродажните цени на нафтените деривати и горива  изнесуваат:

- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 76,00 (денари/литар)

- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 78,00 (денари/литар)

- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 70,00 (денари/литар)

- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 69,50 (денари/литар)

- Мазут М-1 НС - 45,775 (денари/килограм)  

Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,18 проценти. Корекцијата е направена според рефернтните цени на светските пазари.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk