Дизелот ќе поскапи, бензинот со мало поевтинување

26.09.2022 14:08 | Сузана Николиќ

Од вечерва по полноќ дизел горивото и нафтата за домаќинствата ќе поскапат за еден денар по литар, во исто време, цената на бензинот од 95 октани ќе се намали за половна денар, а за еден денар ќе поевтини бензинот од 98 октани. Се намалува цената на мазутот.

Дизелот ќе поскапи, бензинот со мало поевтинување

По полноќ цените ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС - 95 84,00 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросупер БС - 98 86,00 (денари/литар)
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 91,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 87,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 49,768 (денари/килограм)

„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,158%, кај дизелот зголемување за 0,928%, кај екстра лесното масло зголемување за 0,834% и кај мазутот намалување е за 2,998%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,762%„, информира Регулаторната комисија за енергетика.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk