Дизелот поевтин за 2 денари, бензините поскапи за половина денар

19.07.2021 11:33 | Сузана Николиќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска одлучи да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04%, при што бензините поскапуваат за половина денар, а дизелот со намалување на акцизата сега ќе биде поевтин за 2 денари.

Дизелот поевтин за 2 денари, бензините поскапи за половина денар

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар. Еуросупер БС-95 од вечер на полноќ ќе се продава по 72,50 денари/литар, Еуросупер БС -98 по 74,50 денари/литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 63,50   денари/литар.

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V), се намалува за 2 денари/литар во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.7.2021 година и со тоа малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) изнесува 61 денар/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,299 ден/кг и сега ќе изнесува 38,018 ден/кг.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk