Дизелот поевтинува, бензините по иста цена

20.01.2020 14:00 | KumanovoNews

Според Регулаторната комисија за енергетика, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевитнуваат за 1,5 денари, додека пак цената на бензините останува непроменета.

Дизелот поевтинува, бензините по иста цена

Цената на Дизелот ќе изнесува 61 денар за литар, на екстра лесното масло за домаќинство 50 денари за литар, додека пак еуросупер БС 95 ќе се продава по цена од 68 денари за литар и Еуросупер БС – 98 по 70 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 2,539 денари за килограм, по што ќе изнесува 37,885 денари.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 0,56 отсто, кај дизелот намалување во просек за околу 4,79 отсто, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 4,81 отсто и кај мазутот намалување во просек за околу 7,82 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 55,2594 денари за долар и е за 0,043 отсто повисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk