Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Малопродажната цена на дизел горивото од вечерва по полноќ се намалува за 2 денари по литар, додека цените на бензините нема да се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Максималните цени на нафтените деривати веднаш по полноќ ќе изнесуваат:
Моторен бензин Еуросупер БС - 95 84,50 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросупер БС - 98 87,00 (денари/литар)
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 95,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 93,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 51,473 (денари/килограм)
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,341%, кај дизелот намалување за 1,779%, кај екстра лесното масло намалување за 1,389% и кај мазутот намалување за 1,067%, велат од Комисијата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk