Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука цената на дизелот од ноќеска на полноќ да се намали за еден денар по литар, а цената на бензините останува иста.
Новата цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе чини 48 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 36,5 денари за литар. Малопродажните цени на Еуросупер БС-95и на Еуросупер БС-98 не се менуваат, односно остануваат 61 и 63 денари за литар.
За 0,15 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС од кој енергенс литар ќе чини 22,763 денари.
Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,96, односно за 1,2 отсто.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk