Дизелот поевтинува, бензинот поскапува за половина денар

28.12.2021 06:52 | Сузана Николиќ

Од денеска малопродажната цена на дизелот се намалува за половина денари и ќе изнесува 64 денари, додека бензините поскапуваат за половина денари и ќе се продаваат по цена од 73.50 денари за литар БС-95 и 75,50 денари за литар БС-98.

Дизелот поевтинува, бензинот поскапува за половина денар

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува 64 денари/литар, додека мазутот М-1 НС поевтинува за 0,504 денари за килограм и сега ќе изнесува 39,360 ден./кг.

Во образложението на одлуката со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) информираат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 1,238 отсто, кај дизелот за 0,08 проценти, кај екстра лесното масло има намалување за 0,112 отсто и кај мазутот намалувањето е за 1,447 процети, додека во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,154 проценти.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk