Дизелот поскапува, бензините остануваат со истите цени

23.12.2024 21:42 | KumanovoNews

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат од половина до еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Дизелот поскапува, бензините остануваат со истите цени

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 отсто.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за половина денар и ќе изнесува 71 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за еден денар и ќе изнесува 70,5 денари за литар. Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму останува 76,5, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе продолжи да се продава за 79 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,058 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 45,823 денари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk