Дизелот поскапува за 2 денари, бензинот за половина денар

10.01.2022 12:22 | Сузана Николиќ

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука според која вечерва по полноќ дизел горивото поскапува за 2 денари по литар, додека бензинот оди „горе“ за половина денар. Во просек станува збор за поскапување од 2,24 отсто.

Дизелот поскапува за 2 денари, бензинот за половина денар

Максималните малопродажни цени на нафтените деривати од вечерва од 00.01 часот ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 75,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 77,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,724 (денари/килограм)

Регулаторната комисија за енергетика информира дека во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 2,051 %, кај дизелот за 4,978% , кај екстра лесното масло за 5,031 % и кај мазутот за 4,704 %.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk