Ѓеорѓиевски вети нов зелен пазар во “Гоце Делчев„

31.03.2013 12:26 | KumanovoNews

Кандидатот за градоначалник од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ Зоран Георгиевски, денeска го посети зелениот пазар во Куманово, од каде што вети изградба на ново реонско пазарче во населбата Гоце Делчев.

Ѓеорѓиевски вети нов зелен пазар во “Гоце Делчев„

 Во нашата програмa предвидена е изградба на нов зелен пазар во населбата Гоце Делчев. Од посетата на постоечкиот зелен пазар, видовме дека е пренатрпан од луѓето кои работат внатре, но и од препродавачите кои продаваат околу пазарот. Реална потреба на градот е растеретување на постоечкиот и отварање на нов зелен пазар. Тој ќе биде уреден по сите стандарди, со доволно тезги и места за паркирање за продавачите и купувачите - изјави Ѓеорѓиевски.

Идејата за новиот пазар била предложена од граѓаните, а од ВМРО-ДПМНЕ ја вметнале во програмата за развој на градот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk