Ѓеорѓиевски во Табановце

09.03.2013 07:31 | KumanovoNews

 Кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски и носителот на листата Драган Петковски, вчера попладне остварија средба со жителите на селото Табановце.

Ѓеорѓиевски во Табановце

Ѓеорѓиевски, пред мештаните презентираше дел од проектите во изборната програма. При тоа најави дека во Табановце е предвидена изградба на канализациона мрежа, проект кој е од  исклучително значење за подобрување на квалитетот на животот на жителите на ова село.

Во наредните четири години ќе се потрудиме да ги обезбедиме сите услови за убав живот на младата популација во оваа рурална средина. Воедно, во Куманово е планирана изградба на развојно-технолошка индустриска зона која ќе ја има поддршката од локалната власт и Владата и ќе овозможи намалување на бројката на невработените "-рече Ѓорѓиевски.

Кандидатите за советници и градоначалникот оставрија непосредни средби со жителите од селото Табановце и ги слушнаа нивните очекувања од локалната власт.

                                                                              (фото архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk