Ѓорѓиевски: Ќе изградиме 50 детски игралишта и ќе ги уредиме парковите

29.09.2017 11:04 | KumanovoNews

Коалицијата „За подобра Македонија“, во својата програма за развој на Куманово планира уредување на зелените површини и паркови во градот, како и изградба на 50 детски игралишта.

Ѓорѓиевски: Ќе изградиме 50 детски игралишта и ќе ги уредиме парковите

“Во престојниот период нудиме ревитализација на постојните паркови: Градскиот парк, Соколанскиот парк и изградба на нов парк во Проевце, со што ќе се зголеми зеленилото во градот и ќе придонесеме кумановци да дишат чист воздух. Освен тоа во нашата програма планирана е ревитализација на Спомен костурницата, споменикот на Менкова колиба и Студена вода и на другите споменици низ градот. Освен тоа во наредниот период најавуваме изградба на 50 мини- детски изгралишта, во сите делови на општината, - најави кандидатот за градоначалник од колаицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk