Ѓорѓиевски: Ќе изградиме нова автобуска станица

17.03.2013 07:26 | KumanovoNews

 Кандидатот за градоначалник од Коалицијата За подобра Македонија, Зоран Ѓорѓиевски, синоќа оддржа мини митинг на улица “Октомвриска револуција“,  од каде најави  изгрдба на нова автобуска станица во близина на Желеничката станица и враќање на двонасочниот сообраќај на улицата “Иво Лола Рибар“.

Ѓорѓиевски: Ќе изградиме нова автобуска станица

Автобусите кои сообраќаат по коридор 10 не свраќаат во градот, туку патниците ги оставаат на автопат на влезот од Куманово. Затоа планираме да направиме нова автобуска станица во близина на касарната. Една од најголемите неправди што е направена е еднонасочниот сообраќај на т.н. Нагорички сокак. Трговијата на тој Нагорички сокак е преполовена благодарение на одлуката за некој Мај маркет. Некој што тука живее, врти 3 - 4 км за да дојде до тука. Во нашата близина е прочуениот кеј. Ќе се заложам за чистење на речното корито по сите стандарди, исто како и дивите депонии. Трета работа е доградба на кеј како што доликува на најголемата локална самоуправа во Македонија - објасни Ѓорѓиевски.

 Тој вели дека на Куманово му фали градско јадро и затоа планира улицата “Илинденска“ да ја претвори во шеталиште.

На митингот присуствуваше и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска која кажа дека на градот му е доста од СДСМ и Зоран Дамјановски.

Уште денес е повеќе од јасно дека победата на ВМРО - ДПМНЕ и победничката коалиција е сосема извесна. Му порачуваме на градоначалникот и на целата структура дека можат да си одат.  На поплавите само Зоран Ѓорѓиевски се појави меѓу граѓаните. Тоа не го направи ни поранешниот претседател на Совет кој сега ја бара вашата доверба - изјави Јанкуловска.

За Ѓорѓиевски смета дека е човек од народот и затоа граѓаните ќе му дадат поддршка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk