Ѓорѓиевски го посети АД “Козјак“

05.04.2013 09:37 | KumanovoNews

 Кандидатот за градоначалник од ВМРО - ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски денеска го посети акционерското друштво “Козјак„ каде со менаџерскиот тим разговараше за работата и состојбите  во градежниот сектор.

Ѓорѓиевски го посети АД “Козјак“

Како идна локална самоуправа не интересираат фирмите кои работат и нискоградба и високоградба. Имаме многу капитални и тековни инвестиции кои ќе ги релизираме во наредниот период.  Ги слушнавме сугестиите  и забелешките на овие стопанственици и во иднина ќе водиме сметка за сите тие работи. Сите поголеми проекти во нашиот град ќе ги работат фирми од нашиот град. Главната поента од овие средби е големата невработеност да ја доведеме до подносливо ниво - изјави Ѓорѓиевски.

Од А.Д “Козјак“ велат дека ќе го држат Ѓорѓиевски за збор и се надеваат дека ќе биде локалпатриот.

И Ѓорѓиевски се согласи дека повеќе внимание треба да им се обрне на домашните фирми од Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk