Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кандидатот за градоначалник на Куманово од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски, денеска презентираше дел од програмата и мерките, кои се предвидени во предизборната програма.
„Покрај најавената ТИР зона на локалитетот Аџитепе, една од нашите мерки ќе биде помагање на веќе постојните диви индустриски зони, со инфраструктурно доуредување и сообраќајно технички решенија, промоција за поуспешна работа и зголемување на постојните капацитети и намалување на најакутниот проблем на општина Куманово, тоа е големата невработеност, - изјави Ѓорѓиевски.
Тој најави и изработка на економски каталог, во кој ќе се објави микро и макро економската состојба на градот, каталог со постојните фирми, нивните капацитети и нивните дејности, човечките и природни ресурси, кои ќе им служат на странските инвеститори.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk