Ѓорѓиевски: Нов урбанистички план, намалување на комуналните давачки

09.10.2017 15:06 | KumanovoNews

Кандидатот за градоначалник на Куманово од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „За подобра Македонија“, Зоран Ѓорѓиевски, денеска претстави дел од мерките кои ќе ги преземе доколку ја добие довербата на граѓаните да го води градот.

Ѓорѓиевски: Нов урбанистички план, намалување на комуналните давачки

Во предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за Куманово се предвидува нов генерален урбанистички план, намалување на комуналните давачки за изградба на типски семејни А2 категории згради за 30 проценти, како и изготвување на студија за изградба на нова атмосферска канализација во Куманово.

 „Еден од главните проекти со кој настапуваме во периодот што претстои е изготвување нов Генерален урбанистички план, бидејќи стариот ГУП е истечен уште во 2012 година. Пет години не е донесен нов, така што со правење нов ГУП сите оние тесни грла во Куманово ќе бидат избегнати. Со правењето нов ГУП ќе се предвиди зеленилото да биде на што поголема површина, со нови зелени решенија и со стриктно спроведување на законите за изградба на нови урбани зони“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој најави дека во новата програма се предвидува и студија со која ќе се одвои фекалната од атмосферската канализација, па поплавите што се случуваа на булеварот „Октомвриска револуција“ ќе станат минато за граѓаните на општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk