Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Ѓорѓиевски, вети дека во наредниот период како пратеник ќе ги застапува интересите на граѓаните на Куманово и се обврза дека она што го ветиле за изборите како партија ќе го реализираат за сите граѓани да имаат подобри услови за живот.
На овие избори победија граѓаните на Република Македонија, кои покажаа европски сенс, политичка култура и зрелост, покажаа дека Македонецот знае достоинствено да гласа.Голема благодарност и до оние граѓани кои не ни ја дадоа довербата на овие избори, меѓутоа нивното негласање за нас ќе го сфатиме како опомена во нашата работа да бидеме подобри и поодговорни во наредниот период. Можам да кажам дека Куманово може да се горедее со вакви граѓани кои беа свесни за тежината на овој избирачки процес и одговорноста пред која беше Република Македонија, граѓаните ја покажаа својата зрелост,- рече Ѓорѓиевски.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk