Ѓорѓиевски вети осовременување на добиточниот пазар

07.10.2017 13:18 | KumanovoNews

Кандидатот за градоначалник од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски и носителот на листата Драган Петковски со дел од кандидатите за советници, денеска го посетија добиточниот пазар во селото Долно Којнаре и најавија негово уредување и осовременување, доколку победат на локалните избори.

Ѓорѓиевски вети осовременување на добиточниот пазар

„Овој проект го имавме уште пред четири години, а предвидува уредување на добиточниот пазар со комплетна инфраструктура неопходна за еден таков објект и покривање на две третини од него. Покрај тоа во нашите проекти планирана е изградба на нов зелен пазар во населбата „Гоце Делчев“ во близина на училиштето „Кочо Рацин“ и изградба на центар за откуп на земјоделски производи на големо. Овој центар го предлагавме и пред четири години, до негова реализација не дојде, но сега сме сигурни дека со мојот избор за градоначалник и со избор на советничката листа ќе го реализираме и овој потребен проект за земјоделците од општина Куманово“- изјави Ѓорѓиевски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk