Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вработените во ЈП „Чистота и зеленило“, денеска останаа во кругот на претпријатието и не и го изнесуваа сметот.
Иако не сакаат да признаат дека штрајкуваат, и ги лажеа новинарите дека се на пауза за ручек, контејнерите во градот покажуваат нешто друго. Купишта смет расфрлан по улиците и тротоарите, затоа што камионите не излегоа на терен.
Меѓу вработените беше и советникот Самет Салиевски, кој негираше дека има штрајк во претпријатието.
Наспроти него градоначалникот Дамјановски апелираше до штрајкувачите да се вратат на работа и да имаат трпение, бидејќи штом ќе заврши целата постака со УЈП ќе добијат плата.
„Револт има кај вработените, но имаме цврсто ветување од УЈП дека со завршување на одлуката на советот ќе се деблокира сметката и веднаш ќе им исплатиме плата на вработените – вели Дамјановски.
Но, ѓубраџиите очигледно повеќе не веруваат никому, па лути што не добиле плата за два месеци и што останале без здравствено осигурување, го истурија гневот врз новинарите. Им се закануваа, ги навредуваа и им упатуваа псовки, тврдејќи дека тие се криви за состојбата во која се нашле. Некои дури беа подготвени и да се пресметаат со нив затоа што го фотографираа протестот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk