Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ѓубрето кое веќе еден месец стои на брегот на реката Куманово, по чистење на речното корито во близина на зградите кај „Мај Маркет“, ќе се однесе на градската депонија откако ќе се исуши, тврдат од Општина Куманово. Најавија дека тоа ќе се случи во наредните денови.
- Речното корито по правило се чисти еднаш годишно, по претходно предвивена програма. За жал, во последните неколку години поради недостаток на средства е чистено само еднаш. Последното чистење поради долгогодишната запоставеност и несовесно исфрлање на различен смет од несовесни граѓани бараше ангажман на поголема механизација и истото резултираше со вадење на поголеми количини на смет и муљ од речното корито на самиот брег од реката. Истиот е потребно да се исталожи и исуши и подоцна да биде транспортиран на депонијата. Таа операција е веќе отпочната и ќе продолжи во текот на следните работни денови, - информираат од Општина Куманово.
Надлежните велат дека жалат поради проблемот со кои се соочуваат граѓаните од локалитетот „Водовод“, но бидејќи се работи за долгогодишен проблем со речното корито ќе бидат потребни средства и време за да се реши.
Станарите кои живејат во зградите покрај реката Кумановка, ја обвинија локалната власт за неажурност, бидејќи еден месец го оставиле ѓубрето пред нивните домови. Поради високите темпeратури се плашат од појава за заразни болести, и побраа Општината под итно да го изнесе натрпаниот смет, кој го извадила од речното корито.
Вчера од Општината изјавија дека сметот останал на брегот затоа што се расипал багерот на фирмата донатор што го изнесува сметот, а акцијата ќе продолжи кога ќе се поправи градежната машина.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk