Ѓумушдаг ќе изгради чешма во спомен на кумановските Турци

25.07.2013 12:52 | KumanovoNews

 Заменик градоначалникот на Истанбул, Ѓоксел Ѓумушдаг, при денешната посета на Општина Куманово најави дека ќе изгради чешма во Куманово во сеќавање на Турците кои тука живееле и од каде тој потекнува.

Ѓумушдаг ќе изгради чешма во спомен на кумановските Турци

Тој се сретна со градоначалникот Зоран Дамјановски со кого се договориле да разменат искуства околу изградбата и функционирањето на аква паркот кој ќе се гради во Олимпискиот базен.

Господинот Ѓумушдаг  сака како бивш сограѓанин да изгради споменик во Куманово, чешма или некој друг објект од таков вид, во знак на сеќавање на сите Турци, а пред се на неговото семејство кое живеело тука и се отселило во Истанбул. Ја има мојата благодарност за оваа негова идеја и посакувам поскора имплементација на овој проект. Имаме логистика од Истанбул како град кој има искуство со справувањето на големите граѓански проблеми од комуналната сфера. Планираме најскора посета на наша делегација во Истанбул. Пред се се отвори темата за изградба на аква парк во склоп на големиот Олимписки базен. Тие имаат стотина објекти од таков вид - изјави Дамјановски.

Ѓумушдаг е воодушевен, бидејќи престојува во градот од каде потекнуваат неговите дедовци.

Ние од наша страна за се што можеме ќе помогнеме на Општина Куманово. Ќе им пренесеме искуство. Го замолив градоначалник во Куманово да се изгради една чешма во знак на сеќавање. Драго ми е што се запознав со еден од поуспешните градоначалници во Република Македонија - рече Ѓумушдаг.

Градоначалникот и гостите од турската делегација си разменија подароци. Дамјановски меѓу другото им подари мала статуа со симболот на Куманово, Батко Ѓорѓија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk