“Ѓурѓовденски сабор“ во Старо Нагоричане

05.05.2016 10:22 | KumanovoNews

Во општината Старо Нагоричане, вечерва ќе се одржи традиционалната манифестација “Ѓурѓовденски сабор“.

“Ѓурѓовденски сабор“ во Старо Нагоричане

Во културно-уметничката програма, која ќе започне во 19 часот на плоштадот, ќе настапат 300 играорци од културно-уметничките друштва „Српски вез“ и „Карпош“ од Куманово и Старо Нагоричане.

Организатор на манифестацијата е месната заедница со помош на локалната самоуправа. За посетителите е обезбедна храна. “Ѓурѓовденски сабор“ се организира по повод православниот празник Ѓурѓовден, кој е селска слава на Старо Нагоричане.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk