Ѓурин: Куманово има морално право да се фали со меѓутничкиот соживот

22.06.2010 14:33 | KumanovoNews

 Амбасадорот на Република Србија во Македонија Томислав Ѓурин, ја поздрави одлуката на Советот на Општината Куманово,српскиот јазик да го воведе во официјална употреба.

Ѓурин: Куманово има морално право да се фали со меѓутничкиот соживот

 Неколку пати доаѓав во посета на Општината и разговарав со градоначалникот за правата на малцинствата. Тоа беше една извонредна иницијатива и благодарение на одлуката на Советот се воведе српскиот и ромскиот јазик во официјална употреба и Куманово има и морално право да одржува трибина за добрите меѓуетнички односи. Општината е од стратешки интерес за Србија, се наоѓа на коридорот 10, а блиска ни е и поради тоа што прва од осамостојувањето на Македонија го воведе српскиот јазик како службен, во органите на општинската управа. Градоначалникот со своите советници, независно од партиската припадност, едногласно ја донесоа оваа одлука, дури со подршка на советниците од ДУИ. Можам да кажам дека Општината Куманово има и историско значење за Република Србија, бидејќи тука е потпишана Кумановската спогодба, а платформата на овој договор е Резолуцијата 12 44, според која Косово сеуште е составен дел на Србија и е под јурисдикција на меѓународниот фактор - рече амбасадорот Ѓурин.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk