Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од утре сите домаќинстава ќе имаат по два часа евтина дневна тарифа на електрична енергија, шест дена во неделата, поточно од понеделник до сабота.
Вечерниот термин останува непроменет, секој работен ден и сабота од 22 до 7 часот наутро, а во недела во текот на целиот ден сѐ до понеделник во 7 наутро.
„Со воведување на дневната евтина тарифа домаќинствата ќе имаат на располагање вкупно 11 часа евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие од понеделник до сабота и 24 часа во ден недела. РКЕ по направените анализи оцени дека се создадени услови домаќинствата да користат дополнителни часови во коишто надоместокот за потрошената електрична енергија ќе се пресметува по евтина тарифа“, изјави Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.
Евтината тарифа е укината во декември 2021, во услови кога цените на електрична енергија се движеа по 300-400 евра по мегаватчас, а во текот на денот достигнуваше до 500, 600, 700 евра.Трошоците станале неиздржливи, па РКЕ тогаш ја укина опцијата за евтина дневна тарифа на електричната енергија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk