Во Куманово до 13 часот гласале 23 отсто, во Старо Нагоричане 22, во Липково 16

24.04.2024 15:03 | Оливера Пешевска

На избирачките места во Куманово до 13 часот гласале вкупно 23,08 проценти од запишаните гласачи.

Во Куманово до 13 часот гласале 23 отсто, во Старо Нагоричане 22, во Липково 16

Во Куманово, право на глас имаат 93.364 гласачи, кои гласаат на 167 избирачки места. До 13 часот гласале 15.498 гласачи.
  
Во Старо Нагоричене гласале 22,38 отсто од запишаните гласали. Во Старо Нагоричане има вкупно 3.047 гласачи на 38 избирачки места. До 13 часот гласал 681 жител.

Во Липково одѕивот е 16,15 проценти. Од вкупно 26.024 гласачи гласале 4.198 на 36 избирачки места .

Граѓаните на Македонија денеска од 7 до 19 часот гласаат на седмите по ред претседателски непосредни избори.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk