Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Според последните податоци на Државната изборна комисија, до 15 часот правото на глас во Општина Куманово го искористиле 23.456 граѓани, или 28,56 проценти.
„Гласањето во Куманово се одвива без проблеми. Утринава имаше мали технички проблеми со уредите за биометриска идентификација, имаше неколку пријави за граѓани што ги нема во избирачкиот спосок, но сите проблеми се решаваат и може да бидеме задоволни како тече изборниот процес“, информираат од ОИК Куманово.
Во Куманово се регистрирани вкупно 93.986 избирачи.
Граѓаните на Куманово имаат можност да бираат помеѓу петтмина кандидати за градоначалник и 13 советнички листи.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk