До 28 февруари се поднесуваат годишни сметки во Централен регистар

19.02.2015 09:29 | KumanovoNews

Централниот регистар на Република Македонија ги известува сите обврзници за доставување годишни сметки за 2014 година, дека законскиот рок е 28.февруари 2015 година.

До 28 февруари се поднесуваат годишни сметки во Централен регистар

За трговските друштва што поднесуваат годишни сметки во електронска форма и за трговците поединци и за самостојните вршители на дејност што поднесуваат по избор во хартиена или во електронска форма, рокот е 15.март 2015 година.

На 26,27 и 28 февруари приемот на годишни сметки за 2014 година во хартиена форма ќе се врши во сите регистрациони канцеларии на Централниот регистар во периодот од 08 до 20 часот. Дополнително, во овие денови Централниот регистар ќе организира прием на годишни сметки и во Кратово, во Крушево и во Демир Хисар, во периодот од 08.30 до 16.30 часот.

Согласно Законот за трговските друштва, средните и големите субјекти се должни до Централниот регистар на Република Македонија да ги поднесат годишните сметки и финансиските извештаи исклучиво во електронска форма, а ревидираните и одобрени годишни сметки и финансиски извештаи за 2014 година да ги достават најдоцна до 30 јуни 2015 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk