До 9 часот излезноста во Куманово и Старо Нагоричане 6 отсто, во Липково близу 2 отсто

15.07.2020 08:42 | KumanovoNews

 Во општините Куманово и Старо Нагоричане, правото на глас на десетттите предвремени парламентарни избори, до 9 часот го оствариле 6 отсто од граѓаните. Општина Липково забележува најмала излезеност во ИЕ2, со 1,81 отсто.

До 9 часот излезноста во Куманово и Старо Нагоричане 6 отсто, во Липково близу 2 отсто

Според резултатите од Државната изборна комисија, до 9 часот во Куманово гласале 5,830 граѓани, во Општина Старо Нагоричане 184 граѓани и во Општина Липково 464 гласачи.

„Излезеноста на граѓаните во Општина Куманово до 9 часот е 6 отсто“, соопшти претседателот на ОИК Куманово, Драган Јовановски.

Во Општина Старо Нагоричане, како што соопштува Сандра Јовановиќ,  потпретседателката на ОИК Старо Нагоричане, изборниот процес се одвива регуларно.

„Навремено беше отворено и гласањето во Старо Нагоричане, а право на глас до 9 часот оствариле 6 отсто од граѓаните“, рече таа.

Како што беше соопштено на прес конференцијата, од страна на портпаролот на ДИК, Адмир Шабани, излезеноста во Општина Лишково до 9 часот е најмала.

Според податоците на Државната изборна комисија(ДИК) излезеноста до 9 часот во Општина Лишково е 1,81 отсто.

На овие избори граѓаните ќе имаат можност да гласаат за 15 политички партии и коалиции, 1.578 кандидати.

(Ф.Марковска)


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk