“До Балчак“ повторно во Куманово

13.01.2015 15:38 | KumanovoNews

Поради голем интерес на публиката, филмот “До Балчак“ во режија на Столе Попов, повторно ќе се прикажува во Куманово.

“До Балчак“ повторно во Куманово

Во салата на Кумановскиот театар на 20 и 21 јануари, филмот ќе започне во 20 часот. Сценариото е на Горан Стефановски, а улогите ги толкуваат: Инти Шрај,  Сашко Коцев, Мартин Јорданоски, Тони Михајловски, Сенко Велинов, Мики Манојловиќ, Никола Којо, Јовица Михајловски, Искра Ветерова, Јордан Симонов, Драган Спасов, Никола Ристановски, Гораст Цветковски, Ана Костовска, Владо Јовановски, Камка Тоциновски и други.

Дејството се случува во првата декада на 20 - от век, а филмот е снимен на различни локации во Битола, Охрид, Скопје, Демир Хисар, Штип и Прилеп.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk