“До Балчак“ за 10 дена ќе се прикажува во Куманово

06.12.2014 10:26 | KumanovoNews

Филмот “До Балчак“ во режија на Столе Попов, кој е македонскиот кандидат за оскар за 2015 година, наредниот вторник и среда (16 и 17 декември) ќе се прикажува во Кумановскиот театар.

“До Балчак“ за 10 дена ќе се прикажува во Куманово

Сценариото во филмот е на Горан Стерафновски, а улогите ги толкуваат: Инти Шрај, Сашко Коцев, Мартин Јорданоски, Тони Михајловски, Сенко Велинов, Мики Манојловиќ, Никола Којо, Јовица Михајловски, Искра Ветерова, Јордан Симонов, Драган Спасов, Никола Ристановски, Гораст Цветковски, Ана Костовска, Владо Јовановски, Камка Тоциновски и други.

Дејството се случува во првата декада на 20 - от век. Филмот е сурова, но романтична љубовна приказна  преку која  е прикажана вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност. Снимањето на филмот започна во мај 2012 година, а снимани се сцени на различни локации во Битола, Охрид, Скопје, Демир Хисар, Штип и Прилеп.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk