До денеска трае пријавувањето за негователи на стари лица во Куманово

02.11.2021 12:10 | Сузана Николиќ

Денеска завршува конкурсот за негователи за помош и нега на стари лица и граѓани со попреченост во Куманово.

До денеска трае пријавувањето за негователи на стари лица во Куманово

Станува збор за проектот „Ублажување на ефектите и последиците од ковид-19 врз најранливите во општеството со посебен фокус на постарите луѓе“, поддржан од Австриското Министерство за труд и социјална политика и Австрискиот Црвен крст, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска  организација Куманово

„Се повикуваат сите заинтересирани лица од територијата на Општина Куманово, кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со сертификат државно признат,  да аплицираат до 02 ноември 2021 година“, соопштуваат од Црвен крст.

Кандидатите треба се државјани на Македонија, да имаат 18 години, да имаат општа психо-физичка способност за работа, да имаат минимум основно образование, да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица и лица со попреченост, да бидат мотивирани по обуката да бидат вклучени како негуватели во сервисите за нега во домашни услови.

Обуката за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост е бесплатна.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават на е-маил: [email protected]  тел. 031/424-179

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk