До сабота нестабилно време со локално невреме

24.05.2017 11:00 | KumanovoNews

 До сабота подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на неколку влажни воздушни бранови, па времето претежно во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд и грмежи.

До сабота нестабилно време со локално невреме

 Денес од пладне ќе има услови за локално невреме со појава на град и засилен ветер.

    Утре ќе биде претежно облачно преку целиот ден и се очекуваат пообилни врнежи од дожд, особено во јужните делови. На места вкупните количества може да надминат 45 литри на квадратен метар. Во Скопската котлина и на северот врнежите ќе продолжат и преку ноќта. Во петок и сабота врнежите ќе бидат полокализирани и ќе се повеќе кон исток, а и ќе дува повремено засилен северен ветер.

    По денешните и утрешните малку пониски дневни температури, кон деновите од викендот температурата ќе биде во постепен пораст.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk