Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска попладне во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта кон недела ќе се прошират низ целата земја.
Во недела претпладне во западните и крајните источни делови се очекуваат пообилни врнежи од дожд, на места и од пороен карактер односно над 20л/м2.
“Попладнето ќе се спушта постудена воздушна маса од север, што ќе создаде услови на повисоките планини во северозападните делови од земјава да има и повремени врнежи од снег. Денеска и во недела претпладне ќе дува умерен, на повеќе места засилен јужен и југозападен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина од 50 до 70 км/час. Поради јужното струење дневните температури сеуште ќе бидат релативно високи за овој период и во недела ќе се движат од 11 до 18 степени“ - велат од УХМР.
Во понеделник и вторник ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките планини со повремен снег. Дневните температури ќе се движат од 8 до 15 степени.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk